675
Андон Атанасов има 89 години и е највозрасниот пациент кој го победи корона вирусот.
-Неговиот син нѐ извести дека сега тој е во добра состојба благодарение на посветеноста на докторите во болницата во Битола. Андон е храбар човек со волја за живот. Му посакувам добро здравје и уште многу денови поминати со неговите најмили!, објави на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.