889 починати во Италија, Франција нарача милијарда маски од Кина

by fokus

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 650.919 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 30.299, а оздравеле 139.555 лица.

– Во Хрватска денеска се потврдени 22 нови случаи на заразени со коронавирус, а бројот на смртни случаи се искачи на петмина. Вкупниот број заразени во таа земја изнесува 657 лица.

– Уште еден тежок ден за Италија: за 24 часа од Ковид-19 починаа 889 луѓе. Сега, вкупниот број смртни случаи во таа земја изнесува 10.023 и 70.065 заразени, додека 12.384 лица се оздравени.

– Десетици нови случаи на Ковид-19 се откриени денеска меѓу 800-те патници на крузерот Артаниа, на кој конечно му е дозволено да вплови во водите на Фримантл, на западот на земјата, откако од вторникот плуташе во близина на австралискиот брег.

– Велика Британија соопшти дека до вчера во 17 часот во земјата починале 1.019 луѓе заразени со коронавирус, од кои 200 во последните 24 часа.

– Србија ги продолжи мерките на самоизолација од 14 на 28 дена. За време на викенд забрането е излегување после 15 часот.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги повика сограѓаните да опстанат во своите домови за време на неработната седмица, мерка прогласена од претседателот Владимир Путин.Руските власти денеска информираа за 228 новозаразени, со што нивниот број се зголеми на 1.264.

– Во последното деноноќие во Швајцарија починаа уште 38 лица, и сега вкупниот број смртни случаи во земјата изнесува 235. заразени се 13.377 лица.

– Ирска воведе драконски мерки со кои на жителите им се забранува да се одалечат повеќе од два километри од својот дом. Мерките стапија во сила во петок на полноќ. Од жителите се бара од нивните домови да излегуваат сами, а доколку мора да излезат со дете, тогаш да бидат на далечина од два метри.

– Франција соопшти дека нарачала милијарда заштитни маски од Кина. Според француските здравствени власти земјата може да произведе само осум милиони маски неделно, а ним им се потребни 40 милиони.

Поврзани новости