74-годишна битолчанка вечерва е спроведена во затворот „Идризово“, ја осудиле на една година бидејќи „гледала на кафе“

by fokus

Во затворот „Идризово“, вечерва била однесена битолчанка, на возраст од 74 години, која треба да одлежи една година затвор.

Извори од женското одделение за „Фокус“ раскажуваат дека затвреничките биле шокирани кога ја здогледале изнемоштената и преплашена баба. Според нашите извори, бабата Д.Р. бил осудена бидејќи „гледала на кафе“, за што наводно наплаќала.

Додека чекаме официјална потврда за случајот, неофицијално дознаваме дека битолчанката била осудена во отсуство.

В.В.

Поврзани новости