83 новозаразени во изминатите 24 часа

by fokus 14:45
14:45

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.430 тестови, а регистрирани се 83 нови случаи на КОВИД-19 и 79 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (83), регистрирани се 13 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (78г) и Струмица (62г).

Едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 28.04 – 12.05.2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 2.039.981 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 310.942, бројот на оздравени пациенти е 301.114, на починати е 9.293, а на активни случаи изнесува 535.

Поврзани новости