by fokus 14:49
14:49
  • Градот Скопје смета дека има голем простор за помасовно користење на
    бесплатниот јавен превоз и апелира граѓаните да ги остават
    автомобилите и да ги користат бесплатните услуги на јавните превозници, во

    овој период на голема загаденост на воздух. Градските власти апелираат до вработените во Град Скопје на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.

    – Службените возила на Градот Скопје ќе се користат исклучиво за потребите

    на градскиот инспекторат. Градот Скопје и јавните градски претпријатија ги ослободуваат од работа лицата над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени- се вели во соопштението на Град Скопје.

    - Advertisements -

    Градоначалникот на Град Скопје вчера објави поголем број итни мерки и
    препораки за намалување на загадувањето на воздухот, каде што една од нив
    беше воведување на бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје, во
    автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот

    на намалување на загадувањето.

    – Градот Скопје ја интензивира контролата на градилиштата, односно возилата
    што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се

    покриени со церади заради контрола на прашината. ЈП „Комунална хигиена“ да го продолжи интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и се препорачува скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност“, се наведува во соопштението на Градот Скопје.

    Доколку дозволат временските услови, Градот Скопје ќе продолжи да ги прска

    градските улици со средството калциум магнезиум ацетат.

    – Во согласност со сегашните прописи во градот не може да се воведе пар-
    непар, но затоа Градот Скопје апелира до надлежните министерства – за
    животна средина и просторно планирање, за внатрешни работи и за здравство

    да предложат измени во законот за да може да се спроведува оваа мерка “, се вели во известувањето.

    Градот Скопје информира дека според извршените контрола на 36 инсталации, со мерење на емисијата на ПМ 10 било утврдено дека не биле надминати граничните вредности.

    – Комуналните инспектори на Град Скопје во изминатиов период направија
    1.000 контроли и изрекоа 12 казни на компании заради непочитување на
    одредбите на Одлуката за комунален ред во Скопје – вели Град Скопје и апелира
     Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за
    животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите
    што се под нивни ингеренции.
    Од Министерството за внатрешни работи се бара  да ги зајакне контролите на
    почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чија што крајна
    дестинација не е Градот Скопје и кои се упатуваат да ја користат скопската
    обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.

Поврзани новости