77 годишен старец удрил со велосипед во метални цевки, веднаш хоспитализиран во болница

by fokus 11:42
11:42

77-годишен жител на Кичево се здобил со тешки телесни повреди на главата, откако со својот велосипед удрил во автомобил, на чиј покрив имало метални цевки.

„На 06.09.2018 година во 10.30 часот на ул.„Партизански одреди“  во Кичево, С.С. (77) од Кичево, управувајќи велосипед, удрил во паркирано патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на О.Р. (44) од Кичево, а кое на покривот имало метални цевки. Во моментот кога велосипедистот поминувал покрај возилото, со главата удрил во цевките и паднал. Од ударот тој се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во Медицински центар Кичево бил препратен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево“.

- Advertisements -

Поврзани новости