700 делегати ќе избираат лидер и членови на Централниот одбор на СДСМ

by fokus 12:01
12:01

Во секој момент се очекува да почне 22 конгрес на СДСМ во скопскиот хотел „Александар Палас“ на кој 700 делегати  ќе избираат нов лидер на партијата и нови членови на Централниот одбор.

Зоран Заев, актуелниот претседател на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада е единствениот кандидат.

- Advertisements -

За Централниот одбор, пак, може да конкурираат и да бидат избрани и сегашните членови или лица кои ќе бидат дел од идната Влада, освен Генералниот секретар на партијата кој, според Статутот на партијата не може да извршува две функции, партиска и државна.

Поврзани новости