679 новозаразени во последните 24 часа

by fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1 537 тестови, а регистрирани се 679 случаи на КОВИД-19, од кои 130 се реинфекции.

Регистрирани се 291 оздравен пациент, нема пријавено починати лица. Во моментов се активни вкупно 4.379 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Регистрирани сe 291 оздравен пациент од Охрид – 79, Битола – 39, Струга – 33, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Прилеп – 17, Кичево – 11, Скопје и Велес – по 9, Неготино – 8, Гевгелија и Радовиш – по 7, Куманово и Ресен – по 6, Тетово – 5, Дебар – 4, Кочани, Штип и Демир Хисар – по 2, Виница , Крушево, Богданци и Демир Капија – по 1.

Поврзани новости