44 новозаразени и без починати во изминатите 24 часа

by fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 543 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 29, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и Кочани – по 2, Струмица, Штип, Радовиш, Берово и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 47 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Битола, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Куманово, Велес и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати.

Поврзани новости