„Длабоко сме тажни поради овој случај, но благодарни што сме чекор поблиску до правдата за малиот Квинтон“, објави полициската управа на округот Чатам на Твитер, додавајќи дека ја уапсиле неговата 22-годишна мајка Лејлани Сајмон.
Мајката на Квинтон Сајмон, 20-месечното бебе од Џорџија, кое исчезна минатиот месец, е обвинета за неговото исчезнување и убиство откако во петокот беа пронајдени човечки останки во локалната депонија, соопшти локалната полиција.
Сајмон првпат пријавила дека нејзиниот син исчезнал на 5 октомври. Таа, наводно, последен пат била видена во куќата во која живеела со нејзиното момче и мајка, кои имале старателство над нејзините две деца.
Таа им кажала на службите за итни случаи дека верува дека некој го однел нејзиниот син од ограденото игралиште пред таа да се разбуди за да ја најде вратата од куќата отворена. Меѓутоа повикот што таа го упатила на 911, пријавувајќи дека детето исчезнало, дошол неколку часа откако испратила порака на дадилката на Квинтон, Дијана Мекарти, да не доаѓа да ги чува децата.
-Добив порака утрово да не доаѓам, дека нема потреба да ги чувам децата, во 5:29 наутро. Што беше чудно затоа што ги чувам дури и кога таа не работи, изјави Мекарти за локалните медиуми на денот на исчезнувањето.
Сајмон станала осомничена откако нејзината мајка изјавила дека се сомнева во неа, по што полицијата ја пребарувала локалната депонија речиси еден месец со надеж дека ќе ги најде посмртните останки на Квинтон.
За време на прес-конференцијата во понеделникот, локалниот шериф Џеф Хедли рече дека инспекторите пронашле човечки останки во петокот, кои се испратени на ДНК тестирање.
„Таа е ужасна личност и треба да оди во затвор или во пекол. Таа е злобна. Не требаше да биде тука во општеството. Можеше да каже дека не го сака, јас би дошол по него“, изјави таткото на Квинтон, Хенри Мос за Дејли Мејл.