(Видео) Харис Џиновиќ во Струга се туркаше на бината со обожавател кој сакаше да му залепи бакшиш!

by fokus

Балканската музичка ѕвезда Харис Џиновиќ синоќа имаше концерт во Струга, на стадионот Караорман.

Настанот кој долг период се најавуваше поминал со голем број на публика, а го обележа интересна случка додека пејачот го изведуваше својот голем хит ,,И тебе сам сит кафано”.

Како што се гледа на видео снимката која се споделува на социјалните мрежи, додека Харис пее, негов обожавател од публика се качува на бината, вади банкноти и очигледно ,,погоден,, од песната, се обидува да му ги залепи на пејачот.

Изненаден од постапката и храброста на мажот кој пред сите присутни на концертот се обидуваше да му ги даде парите, Харис неколкупати го оттурна, по што се сврте и се тргна од него.

Додека траеше обидот за лепење на бакшиш, обезбедувањето не се појави на сцена, па Џиновиќ самиот се справи со еуфоричниот обожавател.

Инаку, музичарот овој период е чест гостин во земјава, а во септември, покрај Горан Бреговиќ, ќе биде една од главните музички ѕвезди на Тиквешки гроздобер во Кавадарци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости