САД, ЕУ и Велика Британија ќе помагаат во истрагите за воени злосторства во Украина

by Fokus

САД, ЕУ и Велика Британија денеска објавија формирање на Советодавна група за свирепи злосторства (АЦА), механизам чија цел е да се овозможи ефикасна координација на нивната поддршка за барање одговорност за злосторствата од руската инвазија на Украина. 

Групата е ангажирана пред сѐ за засилување на тековните напори на ЕУ, САД и Велика Британија за барање одговорност за свирепи злосторства во тековната војна на агресија на Русија против Украина, соопштија од Стејт департентот. 

-Советодавната група ги унапредува заложбите на ЕУ, САД и Велика Британија да се прикаже меѓународна поддршка и солидарноста во овој клучен историски мимент, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен. 

Според него, сеопфатната мисија на АЦА е да го поддржи Одделот за воени злосторства при Канцеларијата на генералниот обвинител на Украина, во нивните истраги и прогон на злостор направен во конфликтот. 

Поврзани новости