ССНМ: Насилни и брутални методи против новинарите

by Фокус

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници жестоко реагира на насилните и брутални методи применети врз новинарите, снимателите и фоторепортерите од полицијата во текот на демонстрациите пред Владата со што беа оневозможени да ја извршуваат својата работа.

– Во обид да ги потисне демонстрантите, полицијата не само што не ги заштити новинарските екипи, туку ги третираше како легитимна цел, непризнавајќи им ги новинарските легитимации. Нашите колеги беа потиснувани, влечени, газени и само нивната присебност спречи да бидат и тие жртви на полициската бруталност – се вели во реакцијата на ССНМ.

Од синдикатот информираат и дека членови на ССНМ биле сведоци дека новинарските екипи биле попречувани да ги снимат и регистрираат тепањата и повредените демонстранти. Од ССНМ сметаат дека за таквото однесување на полицијата кон новинарските екипи се директно одговорни првите луѓе на МВР и најави дека за ваквиот однос на полицијата ќе ги извести Меѓународната и европската федерација на новинарите, Комитетот за заштита на новинарите и сите релавантни еснафски здруженија во светот.

Поврзани новости