33 лица заразени со корона вирус починаа во изминатото деноноќие

by fokus
Министерството за здравство инфомира дека во изминатите 24 часа починати се 33 лица заразени со корона вирус. Девет пациенти од Скопје (62, 62, 63, 67, 79, 66, 74, 81 и 68г), еден од Куманово (70г), еден од Штип (89г), шест пациенти од Прилеп (43, 78, 70, 82, 60 и 85г), еден од Тетово (72г), четири од Струга (60, 71, 65 и 79г), еден од Велес (71г), еден од Битола (55г), еден од Гостивар (76г), еден од Гевгелија (53г), еден од Струмица (73г), еден од Крива Паланка (62г), еден од Пробиштип (70г), двајца од Берово (88 и 63г), еден од Кратово (71г) и еден пациент од Кичево (67г). Од нив едно лице е починато вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63890, бројката на оздравени пациенти е 40977, на починати е 1825, а бројот на активни случаи изнесува 21088.

Поврзани новости