32-годишен прилепчанец се обеси вчера во ќелија каде издржувал притвор

by fokus

Прилепчанец на возраст од 32 години е пронајден починат во една од ќелиите на притворското одделение во Казнено – поправната установа „Затвор-Прилеп“. Случајот вчера во 10.30 часот во полиција го пријавил вработен во затворот.

Според полицијата Р.Н.издржувал мерка притвор. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Неофицијално починатиот се обесил, а го нашле цимери од ќелијата кога се вратиле од прошетка.

Поврзани новости