Талевски ги смени улогите, од градоначалник повторно станува Двојче

by fokus

Владимир Талески нема да се повлече од јавноста. Веќе нема да го гледаме во градоначалничкиот кабинет, туку на театарските штици. По три четиригодишни градоначалнички мандати, тој денеска покрена постапка за да се врати како актер во Битолскиот народен театар, пишува порталот Апла.мк.

Барањето  ќе биде испратено до Министерството за финансии од каде ќе го имаат конечниот збор. Неговото поранешно место како актер во БНТ мируваше 12 години додека тој ја извршуваше градоначалничката функција, а сега сака да се врати меѓу своите стари , па и помлади колеги, актерите.

Талевски во Народниот театар во Битола работеше како актер 22 години. Учествуваше и во повеќе телевизиски емисии и серии, од кои најпозната е „Здраво генијалци“ каде го играше ликот на Двојче.

 

Поврзани новости