СДСМ: Ќе формираме интервентен фонд за земјоделците од 6 милиони евра

by fokus 12:47
12:47

Од СДСМ најавуваат дека ќе формираат интервентен фонд од 6 милиони евра во првите 6 месеци од мандатот на новата Влада.

-Овие средства ќе се користат кога пазарната цена на земјоделските производи ќе биде пониска од нивната производствена цена. Во овој фонд се планирани средства и за обештетување на земјоделците од временски непогоди. Никој, никогаш повеќе нема да ги потценува земјоделците и да се пазари со нивната  мака. Земјоделците кои имаат финансиски загуби, нема да бидат оставени да се справуваат сами со промлемите, најавуват од СДСМ.

- Advertisements -

Оттаму потсетуваат дека оваа зима, екстремно ниските минусни температури целосно уништија раноградинарски посеви на повеќе земјоделски површини.

-Очајните земјоделци повеќе пати досега алармираа и бараа помош. Доколку денес постоеше ваков фонд тие немаше да стравуваат за тоа како ќе ги прехранат своите деца или како ќе ги школуваат, затоа што преку овој фонд ќе се обесштетеа сите земјоделци подеднакво и тие мирно ќе го планираа идното производство. А не како сега, земјоделци сеуште да се мачат и со штетите од поплавите во летниот период, велат од партијата.

Од СДСМ појаснуваат и дека овој интервентен фонд ќе се користи и во кризни состојби, при пласман на земјоделските производи, кога откупната цена е пониска од производствената.

-Во тој случај финансиските средства ќе се доделуваат во вид на дополнителна поддршка на основните плаќања во висина до производствената цена на производот. За да нема повеќе род што скапува по нивите и амбарите, како што се случи изминатата година со повеќе земјоделски производи. Земјоделците избраа промени, сакаат достоинствен и квалитетен живот. Не сакаат партиски уцени, како што тоа им го правеше досегашната власт. Затоа итно е потребна нова и одговорна Влада според мнозинската волја на граѓаните, којашто ќе води реални политики во интерес на сите граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости