Вооружена престрелка во Љубош, двајца повредени мажи донесени во Градската болница

by fokus

Пред околу еден час се случил вооружен инцидент во селото Љубош, при што двајца мажи биле повредени со пиштол. Повредените биле пренесени во Градската болница „Св.Наум Охридски“.

-Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, појаснуваат од МВР за „Фокус“

Оттаму додаваат дека четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во моментот пред Градската болница има и полициски службеници, кои го обезбедуваат местото и донесените повредени учесници во престрелката.

Поврзани новости