Над 98% од жителите на Богданци кои гласаа кажаа НЕ за рудникот Казандол

by fokus

Над 98% од жителите на Богданци кои денеска гласаа на референдумот, кажаа не за рудникот казандол и за отворање на нови рудници.

До 19 часот на гласале 61 отсто од вкупниот број на гласачи.

„Граѓаните на Богданци јасно и недвосмислено си кажаа дека рударски комплекси не им се потребни во нивната општина. Под итно треба да се стопира Казандол бидејки, заради ветрот сета прашина ке дојде овде и ке се збогуваме со чистата животна средина. Гевгелија, ние, утре задутре Дојран, Валандово ако кажат против, централната власт треба да ја почитува волјата на околу 50 илјади граѓанит од овие општини и да стопира се што е тешка индустрија во овој дел од државата“, рече Јован Џалев од граѓанската иницијатива „Спас за Богданци“, кој смета дека подобро да се платат пенали, отколку да трпи населението.

Поврзани новости