На член на изборната комисија му го украле паричникот

by fokus

Додека течело гласањето во општина Шуто Оризари, во ОУ „26 Јули“, еден од членовите на изборната комисија останал без својот паричник.

-Евидентирана е и една кражба на избирачко место во Шуто Оризари во ОУ “26 Јули“. Имено во периодот од 06,00 до 09,30 часот на избирачко место бр.2957 непознат сторител од чанта на оштетената Ј.И. (службено присутна на тоа избирачко место) одзел паричник во кој имало 1.200 денари и други лични документи и платежни картички на оштетената. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости