Милошоски смета дека кртот кој го издаде Велковски е од СДСМ: Борбата во СДСМ ќе се води преку МВР!

by fokus

Пратеникот Антонио Милошоски алудира дека кртот во МВР кој откри дека ќерката на директорот на БЈБ, Лазе Велковски, патува на одмор со службениот автомобил на татко и, е од редовите на СДСМ.

„Директорот на БЈБ, Велковски, заслужи разрешување. Но, прашањето е кој го намести? Веројатно некој од внатре, негови или соработници на министерот кои можеле да знаат каде е неговиот телохранител, да го следат и уредно да го фотографираат. Борбата во  ќе се води преку МВР!“, напиша на својот профил на „Твитер“ поранешниот министер за надворешни работи и актуелен претседавач на собраниската Комисија за надворешна политика.

Поврзани новости