Градоначалникот Трајановски не знае колку пари се трошат за Денот на дрвото

by fokus

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски не знае колку пари се трошат за садниците од градскиот буџет. Но, вели дека на високите ПМ10 честички на загадувањето им пркосат мерките за нивно намалување, како што се електричните автомибили и автобуси, меѓу кои и изградба на три подземни сообраќајници, јави телевизија 24 Вести.

-Јас не би можел да кажам колку пари се затоа што тоа се тендерски постапки коишто ги води ЈП „Паркови и зеленило“. Парите ги обезбедува градот Скопје. Овие високите се брест, јавот, јасен, каталпи, така што има поголем број на различни дрвја, изјави градоначалникот Трајановски.

 Иако градскиот татако тврди дека сите урбани општини добиле околу 10.000 дрвца, за Општина Центар биле обезбедени само 120. Од општината се пожалија на ваквиот третман и посочуваат дека центарци имаат право на чист воздух онолку колку што и жителите на преостанатите општини. Вчера екологистите алармираа дека периодов не е погоден за садници поради ниските температури, но директорот на „Македонски Шуми“ уверува дека садниците се успешни и на минус 15 степени.

Поврзани новости