Фото една недела пред насреќата: Мостот во Џенова при чие уривање загинаа 40 луѓе се распаѓал

by fokus

Фотографија на надвозникот во Џенова, наводно снимена пред една недела, јасно покажува во колку лоша состојба бил пред вчера да се урне, поради што загинаа најмалку 40 луѓе.

На фотографијата се гледа дека мостот Моранди се распаѓа, а се гледаат и кабли кои висат од долната страна на надвозникот.

Фотографијата е објавена на Твитер, а под неа пишува: „Мостот во Џенова минатата недела. Без коментар“.

Семејствата на загинатите и властите за катастрофата ја обвинуваат приватната компанија Аутостраде пер Италија која ги одржува повеќето италијански автопатишта. Компанијата пак тврди дека мостот Моранди, изграден во 1960-тите, бил под постојан надзор и дека во тек биле работи на зајакнување на неговите темели.

Пред две години професор по градежништво на универзитетот во Џенова Антонио Бренцих оценил дека мостот е „градежна утка со многу големи трошоци за одржување“.

Надвозникот се урна поради силни дождови вчера. Триесетина автомобили и три камиони паднаа од висина од над 45 метри. Според последните информации, загинаа 42 лица. Под мостот има река, железнички пруги и два магацини. Тој беше главната сообраќајница во градот, а ги поврзуваше патиштата кон Франција и Милано.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини претходно изјави дека досега се знае за 42 жртви, меѓу кои три деца на возраст од 8, 12 и 13 години.

Поврзани новости