29 починати, меѓу нив и двегодишно дете со низа тешки заболувања

by fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на КОВИД-19:

Скопје – 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Кочани – 7, Струга и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица – по 4, Неготино – 3, Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово – по 2, Пробиштип и Богданци – по 1.

Пријавени се 29 починати лица: 13 починати лица од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 починати лица од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 починати лица од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г), по едно починато лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г).

Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Претходно Министерството за здравство информираше дека во денешната статистика на починати како последица од Ковид 19  ќе биде заведено двегодишното дете кое починало на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања. Пред една година врз малиот пациент биле направени повеќе операции,  имало тумор на мозок, хидроцефулус и вродена непроодност на цревата.  Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката за детска хирургија.

Лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало. И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала. Поради ковид протоколите, на малиот пациент му бил направен ковид тест и истиот бил позитивен.

Поврзани новости