Гир: Северна Македонија со нејзината географска положба, култура и историја е европска земја

by fokus

Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива, перспективата на пристапување на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, е јасна и неспорна. Минатата година го имавме Самитот во Загреб, каде што оваа стратегиска цел беше повторена од страна на лидерите, ништо не е променето. Северна Македонија со нејзината географска положба, со нејзината култура, историја, е европска земја.

Ова во интервју за МИА го изјави амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир, со кого разговаравме и за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, за можното членство во Европската економска зона, за пристигнувањето на вакцините, Ковакс механизмот, помошта на Европската Унија за санирање на последиците од Ковид кризата врз економијата…

Евроамбасадорот е оптимистичен дека земјава ќе оди напред, како и за заложбите на португалското претседателство со ЕУ да се одржи првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ во првата половина од годинава.

За евроамбасадорот Гир, преку процесот на реформи Северна Македонија ќе стане дел од семејството на Европската Унија.

 

Поврзани новости