26-годишен маж пронајден мртов, лешот бил во фаза на распаѓање

by fokus

По повеќе од еден месец, откако бил пријавен како исчезнат, е пронајден мртов 26-годишен маж. Неговото тело веќе било во фаза на распаѓање, а обдукцијата ќе треба да ја открие причината за смртта.

-На 09.06.2018 година во 11,00 часот телефонски во ПС  Кичево е пријавено дека во атар на село Бигор Доленци на место викано „Теќе“, бил забележал машки леш во фаза на распаѓање. Излезено е на местото на настанот, при што првично е утврдено дека се работи за 26 годишно лице кое на 03 мај е пријавено за исчезнато. Телото е предадено за обдукција, информираат од МВР.

Поврзани новости