25 лица се уште се водат за исчезнати по пожарите во Грција

by fokus

Противпожарната служба на Грција вечерва го соопшти официјалниот број на исчезнати лица во катастрофалните пожари што во понеделникот го зафатија источниот дел на областа Атика. Вкупно 25 лица се водат за исчезнати, а 91 го загубија животот, јави дописничката на МИА од Атина.

– Од процесот на проверка на податоците произлегува дека исчезнати се 25 лица, кои официјално беа пријавени во нашата служба, од страна на нивните роднини, по кои продолжуваат потрагите. Дирекцијата за кривични истраги до сега ја заврши идентификацијата на 59 тела, додека преостанува да бидат идентификувани уште 28 тела. Според Националниот центар за здравство, на повредите им подлегнаа четири лица кои беа хоспитализирани во болниците во Атика, соопшти портпаролката на противпожарната служба на Грција, Ставрула Малири на вонредната прес-конференција одржана вечерва.

Поврзани новости