24-часовна здравствена заштита за велигденските празници

by Фокус 14:36
14:36

За празничните денови е обезбедена 24-часовна здравствена заштита на граѓаните преку 8 дежурни пункта во Скопје и тоа во Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Чаир, Идадија, Бит-пазар, Ченто, Јане Сандански и Драчево, како и во службата на Итна медицинска помош.

Во сабота има редовно дежурство на специјалистичката служба во поликлиниката „Букурешт“ во периодот од 8 до 16 часот, каде ќе се вршат прегледи закажани преку Мој термин, додека за петок и понеделник нема закажано прегледи.

- Advertisements -

Во сите општини во земјата, ќе има 24-часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд.

Во Скопје ќе работат дежурните аптеки „Зегин“ во Буњаковец и МНТ, „Еурофарм“ воТафталиџе, „Виола7’ кај Тобако (Аеродром).

Поврзани новости