200 луѓе годишно умираат од предозираност во САД

by fokus

Од предозирање со наркотици дневно умираат околу 200 луѓе во САД, се наведува во извештајот на американската Управа за сузбивање на дрога (ДЕА).

Според податоци на ДЕА во текот на 2017 година од предозирање со опијати починале вкупно 72.000 луѓе.
Во извештајот се посочува дека е забележана голема застапеност на метамфетамини и кокаин во местата каде претходно не биле употребувани.

Според ДЕА загрижувачка е и злоупотребата на легализација на марихуана, бидејќи канабисот се превезува во подрачја каде таа не е легализирана.

Во јужниот дел на САД забележан е пораст на лица предозирани со хероин за 22 проценти во текот на 2015 и 2016 година, додака во североисточниот дел на земјата забележан е раст од 25 отсто.

Според агентите на ДЕА, американскиот пазар е преплавен од фентанилин и слични синтетички опијати, кои се поевтини и многу посилни од хероинот. Фентанил и другите синтетички дроги, според ДЕА, потекнуваат од Кина.

Поврзани новости