20-годишник со „волксваген кеди“ прегази старец

by fokus

71-годишниот А.Ј. од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил 20-годишниот Е.С. од Скопје кој управувал со возило „волксваген кеди“.

Сообраќајката се случила вчера на пладне на улицата „Кузман Шапкарев“ во Ѓорче Петров. А.Ј. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани фрактура на десно рамо и лева нога и ресекотини и набиеници во пределот на главата. Од полицијата додаваат дека старецот не бил во животна опасност.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани новости