20.000 граѓани испратиле приговори до Владата за платежните картички

by Fokus

Министерката за финансии, Нина Ангеловска истакна дека има проблем во постапката на делење на платежните картички за граѓаните со ниски примања, средношколците и студентите поради што 20.000 приговори за платежните картички пристигнале до Владата.

Оваа е обемен проект кој за првпат се реализира во нашата земја на најтранспарентен начин. Сите недостатоци ќе бидат поправени. Во овој процес беа вклучени повеќе институции, кои требаше да достават податоци за лицата кои треба да добијат ваква платежна картичка, односно Министерствата за образование и труд и социјална политика, како и Управата за јавни приходи, рече министерката Ангеловска.

Поврзани новости