Засега никој од насилниците не се гони за Обид за убиство

by fokus

Од Министерството за внатрешни работи официјално информираа дека се поднесени кривични пријави против 15 насилници кои дивееја во Собранието, но засега ниту еден од нив не се гони за кривичното дело Обид за убиство. Поднесените кривични пријави се однесуваат на неколку членови од кривичното дело Учество во толпа.

-Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против лицата Б.М. (38) од Скопје, Д.Х. (43) од Прилеп, Н.М. (34) од Скопје, К.Џ. (54) од Скопје, Ѓ.Б. (44) од Скопје, Д.Д. (45) од Скопје, В.Н. (45) од Скопје, С.П. (57) од Скопје, А.З. (63) од Скопје, поради постоење на основи на сомневање за извршено кривично дело “Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ.

Против лицата, пак, Д.В. (36), А.С. (39) и М.Ц. (39) М.С. (47) четворицата од Скопје, поднесе кривична пријава поради постоење на основи на сомневање за извршено кривично дело “Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ. А против лицата Д.А. (62) од Скопје и И.Ј. (46) од Куманово поради постоење на основи на сомневање за извршени две кривични дела “Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ и “Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ, велат од МВР.

Поврзани новости