Заев: За прв пат Македоци ќе поддржат албански кандидати за градоначалници

by fokus

Премиерот Зоран Заев, во интервјуто за „360 Степени“ дадено од Њујорк, зборува за дилемата, дали гласачите Албанци се уште ќе гласаат за СДСМ, по одлуката за соработка со ДУИ?

 -Да. Јас верувам дека ќе гласаат заради тоа што тоа се избори на личност, избори на програми, а после тоа се партиите. Верувам дека ќе не гласаат секаде каде што имаме и наши кандидати. Јас реков, ние веќе многу одамна не ги делиме гласачите на гласови албански, македонски, ромски, турски, тоа се гласачи за граѓани. Првпат во Македонија ќе има и гласање од страна на Македонци за албански кандидати. Тоа е поддршката која ќе ја дадеме веројатно и во Кичево. И таму размислуваме да дадеме директно поддршка. Тоа штабот го анализира. Тоа е убав квалитатив во Македонија, да гласаме за граѓани, за имиња и презимиња, за програми, тоа е иднината на секоја земја, па така и на нашата земја. Јас верувам дека во еден ваков концепт воспоставуваме една долгорочна соработка, која и тоа како ќе биде од корист исклучиво на граѓаните, рече Заев.

Поврзани новости