За време на полицискиот час се шетале 43 граѓани, од кои 27 биле приведени

by fokus

Во изминатото деноноќие на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23-ца потпишале изјава за самоизолација, информираат од МВР,

-Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лицата  во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај,  едно лице што било во изолација не е затекнато во  својот дом. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 43 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени биле 27 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, велат од МВР.

 

 

 

Поврзани новости