Војник вратен од Авганистан поради инволвираноста во „крвавиот четврток“

by fokus

Војникот кој беше инволвиран во настаните на 27 април во Собранието, а кој набргу потоа замина на мисија во Авганистан од минатиот петок е вратен во Македонија и испратен на разговор кај обвинител.

Постапката за негово враќање веднаш започнала откако од полицијата бил лоциран како учесник во настаните на 27 април.

За него веќе е отворена дисциплинска постапка како што се почнати постапки и за други офицери и војници на АРМ, кои учествуваа во немилите настани во Собранието на РМ од 27 април.

Поврзани новости