Во Македонија пристигнува пациент во тешка состојба од Африка, Филипче тврди дека е војник и дека се уште не се знае каков сој на коронавирус има

by Fokus

Пациент заразен со коронавирус, во тешка состојба, пристигнува во Македонија и се очекува да биде сместен на Клиниката за инфективни болести, дознава “Фокус” од извори на клиниката, кои коментираат дека се чуствува паника кај дел од колегите.

Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека доаѓа ваков пациент со посебен транспорт од Африка.

– Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи но пациентот ќе биде сместен во изолација, рече Филипче.

Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните видови коронавируси досега.

Соња Танеска

Поврзани новости