Во изолација одат 34 ученици од Штип, еден од наставниците бил позитивен на Ковид-19

by fokus 14:41
14:41

Триесет и четири второоделенци од штипското основно училиште „Тошо Арсов” и нивните две наставнички заминуваат во изолација, откако наставникот од предметна настава бил позитивен на коронавирусот.

Прекин на наставата ќе нема, бидејќи учениците и наставниците ја реализираат он-лајн.

- Advertisements -

Нови случаи на заразени вработени во штипските детски градинки се регистрирани во објектот на градинката „Астибо” во населбата „Сењак”. Воспитувачка и негователка се инфицирани, со што во изолација се испратени шест деца.

Поврзани новости