ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски најверојатно живее во југото, а и Заев нема пријавено куќа на свое име

by fokus

Најмалку 19 лица од власта не ја доставиле потребната документација за да докажат дека во нивните случаи не постои непотизам, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Јавните функционери не ја почитуваат антикорупциска поведени од постапките на Зоран Заев и Стево Пендаровски, кои во своите имотни листови не пријавиле никаков недвижен имот.

Бараме Антикорупциска да покрене прекршична постапка против овие лица кои што спротивно на законот не доставуваат никакви информации.

Од Комисијата е побаран список, информација за 23 лица, за роднини со звучни презимиња, а во врска со непотизам, а Антикорупциска обезбедила известувања само за четири од наведените 23 барани информации за функционери.

Функционерите на власта не ја почитуваат Комисијата, веројатно поведени од двајцата нејзини најизразени ликови. Оттука ќе потсетиме, Зоран Заев во својот анкетен лист нема куќа на свое име, а Стево Пендаровски поведен по постапките на Зоран Заев веројатно живее во Југо Темпо од 90-тите години, бидејќи само тоа го пријавил во анкетниот лист! Недвижен имот Стево Пендаровски нема пријавено!, рече денеска Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости