Владината зграда светна во портокалово, нулта толеранција за насилството врз жените

by fokus

Владата на Република Македонија цврсто стои зад заложбата за нулта толеранција спрема секоја форма на насилство врз жените и девојките, напиша премиерот Зоран Заев вечерва на фејсбук.

-Неодамна ја ратификувавме Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, а минатиот месец го усвоивме Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на конвенцијата.

Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кое се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички да ставиме крај на истото, порача премиерот.

Поврзани новости