Вашингтон Пост објави снимка на која Трамп бара 11.780 гласови од Џорџија во негова корист

by fokus

Вашингтон Пост објави снимен разговор на кој наводно се слуша како американскиот претседател Доналд Трамп се обидел да го натера државниот секретар на Џорџија да пронајде гласови во негова корист и со тоа да го смени текот на претседателките избори.

Разговорот трае еден час и се одвива меѓу Трамп, државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, и уште неколку високи функционери републиканци. Не е сосема јасно дали е ова еден разговор како што тврди Вашингтон пост или станува збор за компилација на повеќе разговори.

Трамп во разговорот забележува дека луѓето во Џорџија се бесни.

„Гледај, сè што барам е да најдете 11.780 гласови“, вели Трамп, повторувајќи дека тие победиле на изборите.

На тврдењето на неговите соговорници дека резултатите се такви какви што се, дека тие имаат луѓе што ги пребројуваат гласовите и дека и Трамп има свои луѓе, но дека судот решил како што решил, Трамп вели:

„Не ви е дозволено да објавувате фалсификувани резултати“.

Белата куќа сè уште не ги коментирала наводите и аудио-снимката.

Содржината на разговорот секој ќе ја толкува различно, зависно од својата наклонетост. Противниците на Трамп ќе тврдат дека тој бара од секретарот во Џорџија да му најде доволно гласови за да го победи Бајден, неговите приврзеници ќе тврдат дека Трамп се обидува да го стори спротивното: да ги натера овие луѓе да постапуваат законски и да го спречат фалсификатот.

Поврзани новости