757
Утре во државата ќе пристигнат половина милион вакцини од кинескиот производител „Синовак“.
-Државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и амбасадорот на Народна Република Кина во Северна Република Македонија, Н.Е.Џанг Ѕуо, утре недела, на меѓународниот аеродром во Скопје ќе ја пречекаат пратката од 500.000 вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“, информираат од Министерството за здравство.
Тоа е најголемата пратка на вакцини, а како што најави министерот Филипче, истите ќе бидат пуштени во употреба на почетокот од идната недела.
Вчера во земјата пристигнаа над 100 илјади вакцини од „Фајзер“ преку Ковакс механизмот.