Уште 12 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се само 46 заразени со Ковид-10, но направен се и мал број на тестирања, односно 378. Според податоците на Министерството за здравство, пак, 12 заразени ја изгубиле битката со вирусот.

-Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.). Пациентите се починати во болнички услови, велат од министерството.

Вкупниот број на починати се искачи на 2.522.

Поврзани новости