Царовска: Засега 36 училишта бараат настава со физичко присуство

by fokus

Вкупно 36 училишта поднеле барање за настава со физичко присуство, од кои 15 се средни и 21 се основни училишта. Рокот истекува до крајот на денот и потоа ќе се чекаат уште три дополнителни дена за евентуални барања кои се пратени по пошта, изјави денеска министерката за образование, Мила Царовска.

Таа рече дека веќе на следната владина седница се очекува да има и први одлуки за да можат училиштата да ги добијат насокитте за наставата која треба да започне за 20 дена.

-Има владина комисија која ги разледува барањата. Во неа има претставници од Кобинетот на премиерот, МОН и Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести. Барањата се решаваат индивидуално. Поголемите училишта со повеќе ученици се ризик, но не би сакала да ја коментирам владината комисија. Тие треба да донесат одлука. Ние ќе ги спроведеме само одлуките од Владата. Дали во некој град ќе има или не, не е мое да коментирам, рече Царовска.

Поврзани новости