Тим од лекари ќе го прегледува Боки 13 по барање на судијката во “Рекет”

by fokus

Бојан Јовановски наместо во судница денеска ќе остане во истражниот затвор “Скопје”, бидејќи затворскиот лекар утврдил дека не е во добра здравствена состојба за да го следи судењето за случајот “Рекет”.

Судијката Васка Николовска Масевска истакна дека денеска во 11.30 часот од затворот добиле известување.

-Врз притворениот извршен е преглед. Измерен е притисок од 120 со 70, нормална аритмија на срце. Се жали на болки во стомокот, со постојано гадење. На мислење сме дека не е способен да го следи судскиот процес, напишал докторот, прочита судијката.

Таа истакна дека ќе побара дополнителен преглед  за Јовановски.

-За да се избегнат било какви злоупотреби и манипулација околу неговата здравствена состојба,  судот ќе даде наредба Јовановски денеска да биде конзилијарно прегледан од тим лекари од Клиничкиот центар, рече судијката.

Наредното рочиште е закажано за утре.

В.В.

Поврзани новости