Темелковски: Не постои опасност кај Охис, состојбата е под контрола

by fokus 19:08
19:08

Попладнево избувна пожар во фабриката „Охис“ во Скопје, каде што беше зафатена административната зграда. Четири противпожарни екипи се на терен.

Градоначалникот Филип Темелковски вели дека линданот е на безбедно и дека нема опасност од загадување на Скопје со тровната материја, што од септември ќе треба да биде дислоцирана од кругот на фабриката.

- Advertisements -

-Противпожарните единици на Град Скопје брзо го локализираа пожарот и сега состојбата е под контрола. Не постои никаква опасност од натамошно ширење на пожарот, вели градоначалникот Темелковски.

Охис е обезбеден, и според Стојанче Ангелов.

-Пожарот е целосно под контрола и безмалку изгаснат, нема опасност за граѓаните, ниту од експлозија ниту од отровни гасови, ниту од ширење на пожарот, вели Ангелов.

Поврзани новости