СЗО: Богатите земји земаа најголем дел од испораките, а сиромашните останаа без вакцини

by fokus

Постои јасен проблем кај посиромашните, односно земјите со низок и среден приход, кои сè уште не добиваат вакцини против ковид-19, констатираше денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, на брифинг со новинарите во Женева.

„Богатите земји зедоа најголем дел од испораките“, рече Тедрос повикувајќи да се престане со склучување на билатерални договори помеѓу богатите земји и производителите на сметка на механизмот Ковакс чија цел е да се обезбеди еднаква достапност на вакцините.

Проектот има за цел да обезбеди луѓето ширум светот да добијат пристап до вакцините веднаш штом ќе станат достапни, без оглед на богатството.

Целта на СЗО за 2021 година е преку Ковакс да се обезбедат 7 милијарди долари за да се помогне во финансирањето на дистрибуцијата на вакцини до 92 земји во развој, кои се со ограничени или без средства самостојно да купат вакцини. Пред неколку дена, СЗО, соопшти дека досега собрале 6 од планираните 7 милијарди долари.

Поврзани новости