Сугаревски: Се гради насекаде, како никогаш до сега!

by fokus

„Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните. Хаосот од 11 години дивеење на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата конечно го запревме, изјави денеска министерот Горан Сугаревски.

-Ветивме и интензивно работиме на унапредување на целокупната инфраструктура. Ветивме и силно вложуваме во изградба на нови патишта како и рехабилитација на старите кои со децении беа заборавени. Ветивме изградба на железницата и тоа го реализираме. Ја гасифицираме цела држава, градиме нови водоводи и канализации. Во овој момент Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата, рече Сугаревски.

Според него се гради насекаде како никогаш до сега.

-Во таа насока, до сега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра. Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој како голем товар го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ заради бројните грешки и недостатоци во изградбата. Но бевме решени, автопатат мораше да се заврши со сите безбедносни аспекти за сообраќај. Впрочем, граѓаните имаат право да знаат како им се трошат нивните пари. Ги решивме и сите недоследности и пропусти што ги наследивме од ВМРО ДПМНЕ и го пуштивме во сообраќај и автопат од Демир Капија до Смоквица. Додека ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на барок и споменици, ние ги вложуваме во вистински развој на инфраструктурата, изјави Сугаревски.

Поврзани новости