Стоилковски: Коневски има стан и деловен простор од над 350м2 во зградата кај Мајчин Дом

by fokus

Не запираат препукувањата на поранешниот градоначалник Ивица Коневски од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и сегашното раководство на партијата. Откако Коневски му порача на Христијан Мицкоски дека е време да си замине, по портпаролот Димче Арсовски, со реплика му возврати и Наум Стоилковски.

-За Ивица (комшијата) Коневски, бидејќи влегува во материјална расправа, еве малку материјал за него.

Ја знаете зградата околу која се крена цел Аеродром кај Мајчин Дом.
Е, токму во таа зграда Коневски има стан и деловен простор над 350м2.
Патем, во истата зграда има стан и кумот на Марин.

Ако се чудите зошто Коневски никаде го немаше овие три години да каже нешто против Зоран Заев, човекот беше зафатен со други работи, листовите подолу кажуваат повеќе.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ВМРО гледаат кауза, а очигледно оние што бараат промени во ВМРО гледаат ДООЕЛ.

Тоа е разликата поради која Ивица Коневски тежи минус 4 илјади гласови, напиша Стоилковски на фејсбук.

Поврзани новости