Стефанова до Пешевски: Сте биле на високи функции, требало да внимавате што зборувате!

by fokus

Два телефонски разговори за кои одбраната и обвинетите во случајот „Траекторија“ денеска упорно се обидуваа да го убедат судијата Горан Бошевски да се слушаат зад затворена врата, односно без присуство на јавноста, сепак ќе одекнат на наредното рочиште закажано за 18 септември.

Обвинителката Лиле Стефанова пак инсистираше и овие две бомби да ги слушне јавноста, бидејќи како што појасни, не станувало збор за приватни разговори.

За време на паузата, екс министерот Владимир Пешевски ја убедуваше Стефанова дека овие два разговори не треба да бидат презентирани во јавноста, со коментар дека двајца министри зборувале за трета држава. Обвинителката Стефанова пак му одговори дека таа не ги селектирала бомбите и дека во доказите ги доставила и бомбите кои му одат во прилог на обвинителството, но и на обвинетите. Потоа му повтори дека разговорот не е од приватна природа, па го прекори дека на крајот на кариштата требало да внимаваат што зборуваат.

„Поранешен министре, да беше ситуацијата нормална, немаше да бидеме тука. Сите сте биле на високи функции па затоа требало да внимавате што зборувате, му рече обвинителката.

На денешното рочиште јавноста беше исклучена додека се прислушуваа девет бомби, во кои имало и приватни разговори.

Во овој случај за малверзации при изградбата на автопатиштата Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и Љупчо Георгиевски.

Поврзани новости