Материјални докази на денешното судење за „Рекет“

by fokus

На денешното рочиште за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска ќе треба да ги презентира материјалните докази, меѓу кој се и снимките кои ги обезбедил сведокот Орце Камчев. На изминатите рочишта се сослушуваа сведоците предложени од страна на обвинителството.

На последното рочиште за предметот „Рекет“ сведочеа Лидија Младеновиќ, ќерка на сопственикот на продавницата за мебел „Зона мебел“, судијката Мери Дика-Георгиевска од Апелацискиот суд Скопје, кума на обвинетиот Јовановски, водителката Лила Стојановска, блиска пријателка на обвинетиот Јовановски, и Сања Димовска, шефица на кабинетот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, сега второобвинета во „Рекет“.

Претходно, во овој предмет сведочеа и поранешните обвинители на СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, односно на почеток на судењето сведочеше и Јордан Камчев, осомничен во случајот „Империја”.

Во „Рекет“ обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, а Зоран Милевски Кичеец на првото рочиште призна вина, по што беше осуден на кзана затвор од три години.

В.В.

Поврзани новости